Продолжуваат жестоките борби меѓу Русија и Украина
Русија го нападна Запорожје, повредени се три лица, оштетени куќи и индустриски објекти. Силите на Киев возвратија во Луганск...

Разгорени борби на украинскиот фронт. Русија го нападна Запорожје, повредени се три лица, оштетени куќи и индустриски објекти. Силите на Киев возвратија во Луганск. Гори складиште за нафта. Жестоко и на фронтот во Курск. Извршен воздушен удар врз украинските трупи. Претседателот Зеленски која ја заврши дводневната европска турнеја претставувајќи го победничкиот план на Киев, повторно ги повика своите партнери обединето да дејствуваат и заедно да ја принудат Русија на мир.
„Украина и нејзините партнери мора да дејствуваат заедно – секој што ја има потребната моќ, потребното влијание – да гарантира траен мир, да ја принуди Русија на мир. Има мисија да дејствува сега, во овие месеци. Украинските партнери треба да го зајакнат украинскиот Зајакнување на нивните заеднички позиции да биде фер и праведен крај на војната“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
