САД

Жителите на Флорида соочени со безброј предизвици по ураганот

12.10.2024 13:57

Властите на Флорида прават проценки на штетите, додека продолжуваат спасувачките акции...

Поплави, прекини на струја и недостиг на гас. Жителите на Флорида соочени со безброј предизвици откако ураганот Милтон го погоди Западниот Брег. Властите прават проценки на штетите, додека продолжуваат спасувачките акции.

Според гувернерот Де Сантос досега се извлечени најмалку 1.600 луѓе од заглавените домови и речиси 140 животни. Во посета на погодените области се очекува да пристигне и претседателот Бајден. Милтон зеде десетици жртви и остави пустош во и онака кревкиот регион кој две недели претходно беше погоден од ураганот Хелена.

Според прелиминарните проценки на Националниот центар за урагани, Милтон предизвикал покачување на нивото на морето од 150 до 300 сантиметри долж брегот на Флорида.