Судењето за двојното убиство продолжува, Зорица Ѓорчевска треба да сведочи в понеделник
Рочиштето за двојното убиство ќе продолжи в понеделник, а први сведоци ќе бидат мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, и роднините на велешанецот Панче...

Рочиштето за двојното убиство ќе продолжи в понеделник, а први сведоци ќе бидат мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, и роднините на велешанецот Панче.
Претходното рочиште беше одложено поради еден од четворицата обвинети, Боре Видевски, поради влошена здравствена состојба со бубрезите. Тој од болница е вратен во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, и со тоа судењето продолжува. Според затворските власти, обвинетиот Видевски е во добра здравствена состојба.
Тие се обвинети дека испланирале грабнување на Вања со цел да принудат член на семејството да плати откуп. Идниот месец ќе помине една година од грабнувањето и убиствата на Вања и Панче.
