Саем на земјоделски производи

Жената земјоделка сè уште ја нема заслужената поддршка

12.10.2024 15:51

Мерки за унапредено земјоделско производство, организиран пласман, законски права на руралната жена, овие клучни проблематики во производството на храна се отворија на Саемот на земјоделски производи што се одржа во Прилеп...

Стратегија и мерки за развој на земјоделското производство за да ја намалиме зависноста од увозот и да се зголеми интересот на младите, мерки против климатските промени, организиран пласман и достоинствено место на жената земјоделка со платено боледување. Ова се клучните аспекти за производството на храна, сметаат производителите.

Жената земјоделка сè уште ја нема заслужената поддршка.

Во земјава се регистрирани 30.000 жени земјоделки, а 1.000 плаќаат здравствено и пензиско, но не користат породилно боледување.

Потребно е законско, а не програмско решение.

Саемот на земјоделски производи во Прилеп се одржа по 15-ти пат, во пресрет на 15-ти октомври, Меѓународниот ден на руралната жена.

 

Елизабета Митреска