Платите на просветарите поголеми за 5 проценти со октомвриската плата
СОНК и Владата се договорија. Октомвриската плата на наставниците во основно и средно образование се зголемува за 5 проценти, во март за 7 а до крајот на 2028 година на сметките ќе имаат за 46 насто повеќе од сегашните примања. Ова е историски договор, вели премиерот Мицкоски.

Владата и сонк постигнаа договор. Октомвриската плата на наставниците и професорите од основното и средното образование ќе биде зголемена за 5 проценти. Веќе во март, ново зголемување за 7 насто. Од сонк велат, задоволни сме од договорено, во следните четири години растот на платите ќе биде постојан, уверен првиот синдикалец неделков.
Платите на наставниците и професорите е предвидено во следниве четири години постојано да се зголемуваа. Во зависност од кондицијата на буџетот, тоа ќе биде од 7,5 до 12,5%.
До февруари треба да бидат изготвени колективните договори и коефициентите за работа каде има нејаснотии. Владата како трета страна преку економско социјалниот совет ќе учествува во дијалогот меѓу работниците и работодавачаите за подобрување на условите за работа.
Миле Ристески
