Во студентските домови слободни 5.956 места
Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. На оние лица што се пријавиле повеќе пати за валидна ќе им се смета последната пријава...

Во судентските домови има слободни места за 5.956 студенти. Објавен е конкурсот за студентски легла за 2014/2015 година. Студентите кои ќе се пријават треба да пополнат електронска пријава поставена на веб- страницата на Министерството за образование и наука.
Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. На оние лица што се пријавиле повеќе пати за валидна ќе им се смета последната пријава.
Рокот за електронското пријавување на студентите од втора година и повисоките години започна од вчера и ќе трае до 10.08.2014 година. За студентите од прва година, рокот за пријавување почнува од 19.08.2014 година и трае до 24.08.2014 година.
Доколку по објавувањето на конечните списоци со примени студенти по домови останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе продолжи се до нивно пополнување, но најдоцна до 22.09.2014 година.
