Украинската армија цврсто ги држи позициите во регионот Курск, вели Зеленски
Москва тврди дека успешно ја одбива украинската офанзива во Курск откако ја поврати контролата во две села, наспроти тврдењата на Зеленски дека трупите на Киев цврсто ги држат позициите на фронтот...

Украинската новинарка Викторија Рошчина која исчезна во август минатата година во делот од земјата окупирана од руските сили, е прогласена за мртва. Москва, на која и требаа 9 месеци да потврди дека ја привеле новинарката, не ги наведе причините за смртта. Во истовреме, на фронтот Русија изврши напади со речиси 70 дрона и четири бласитички ракети врз Полтава, Одеса, Черниговск и Суми. Над три руски региони собориле 13 беспилотни летала. Јавуваат за жртви и повредени во украинско гранатирање врз Доњецк. Москва тврди дека успешно ја одбива украинската офанзива во Курск откако ја поврати контролата во две села, наспроти тврдењата на Зеленски дека трупите на Киев цврсто ги држат позициите на фронтот.
„Генерално, регионот Доњецк и правецот на Запорожје се соочуваат со многу тешки услови и тешки непријателски акции. Но, отпорноста на украинските единици е клучна. Во врска со операцијата Курск, имаше обиди од Русија да ги потисне нашите позиции, но ние ги држиме линиите“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
