Блиски Исток
Израелската армија затвори области околу неколку градови на северот на Израел
13.10.2024 09:53
По безбедносната проценка, израелската армија ги затвори за јавност областите околу некои градови на северот на Израел, чии жители беа евакуирани поради ракетни истрели од Хезболах.
По безбедносната проценка, израелската армија ги затвори за јавност областите околу некои градови на северот на Израел, чии жители беа евакуирани поради ракетни истрели од Хезболах.
Истовремено, проиранското шиитско движење објави дека со голем број беспилотни летала ги нападнала предградијата на Тел Авив.
Претходно, израелската армија им нареди на жителите на 23 села во јужен Либан да се евакуираат заради безбедност. Војската тврди дека Хезболах ги користи областите за да скрие оружје и да изврши напади против Израел, што милитантната група го негира.