Невреме

Ураганот Лесли се приближува кон Европа

13.10.2024 10:46

Ураганот Лесли се доближува до Западниот Брег на стариот континент и се очекува веќе следната недела неговото влијание да се почувствува во Португалија и Шпанија...

По тропската бура Кирк, ново невреме и се заканува на Европа. Ураганот Лесли се доближува до Западниот Брег на стариот континент и се очекува веќе следната недела неговото влијание да се почувствува во Португалија и Шпанија.

Во ослабната форма преку копно ќе ја погоди и Британија, а нестабилниот воздух над Медитеранот може да создаде медитерански циклон сличен на тропска бура.