Златото и накитот на мета на крадците
МВР трага по сторителите но истовремено предупредува до граѓаните кои се на годишен одмор да не постираат на социјалните мрежи информации за нивното отсуство од дома...

Во Скопје златото и накитот се на мета на крадците. Во две одвоени кражби за два дена е ограбен златен накит во вредност од околу 10 илјади евра.
Вчера од куќа на улица „Ѓорѓи Војтех“, украден е златен накит во вредност од пет илјади евра, додека завчера од стан на „Анкарска“ исто така во Скопје, биле украдени часовници и златен накит вредни околу четири илјади евра.
МВР трага по сторителите но истовремено предупредува до граѓаните кои се на годишен одмор да не постираат на социјалните мрежи информации за нивното отсуство од дома кое им помага на разбојниците во извршувањето на кражбите.
