Пивофест - Прилеп: Се очекуваат 350 илјади гости
17.07.2014 13:34
Прилеп веќе пулсира во ритамот на најлудата забава на овие простори...

Почнува Пивофест, а прилепчани очекуваат над 350 илјади гости од земјава и странство. Организаторите потврдуваат дека се е подготвено за годинешната манифестација.
Прилеп веќе пулсира во ритамот на најлудата забава на овие простори. Прилепчани со нетрпение го очекуваат почетокот на овој спектакл.
На 20.000 метри квадратни се поставени 30-тина штандови.
Хотелските капацитети и приватното сместување се скоро исполнети, а место се бара и во околните градови.
Поради подобра услуга продолжено е работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот.
