ујп
УЈП ја објави новата листа на должници
13.10.2024 17:18
Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници за октомври 2024 година...

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници за октомври 2024 година, која ги опфаќа долговите доспеани до 30 јуни 2024 година и неплатени до крајот на септември. На листата се вклучени 1.976 правни лица и 3.786 физички лица, со вкупен нето-долг од 11.042.537.967 денари.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.884.428.089 денари, што е намалување од 45.943.439 денари во споредба со претходната листа, додека долгот за царински давачки е 158.109.878 денари, со намалување од 18.931.314 денари.
