Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

14.10.2024 08:01

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.