Туризмот и земјоделството, интересни за Словенците

12.12.2013 11:54

Од разговорот со градоначалникот на Струга добив можност да се запознаам со добрите услови што ги има општината на полето на туризмот и земјоделството, истакна во Струга амбасадорот на Република Словенија.

Од разговорот со градоначалникот на Струга добив можност да се запознаам со добрите услови што ги има општината на полето на туризмот и земјоделството, истакна во Струга амбасадорот на Република Словенија.

„Имавме подолг разговор, беше многу интересно. Разговаравме за можностите за соработка на економски план, за соработка на полето на развојот и констатиравме дека има можности, пред се, да соработуваме во областа на туризмот и земјоделството. Посетивме и една фирма во Општина Струга која повеќе години успешно соработува со словенечките фирми, а тоа е „Подгорка“, рече амбасадорот на Словенија Бранко Раковец.

Градоначалникот на Општина Струга Зијадин Села задоволен од посетата на словенечкиот амбасадор потенцира дека освен производството, многу е значајно да се изнајдат и форми за пласман на земјоделските производи што се произведуваат на територијата на Општина Струга.

Разговаравме за инвестирање во Струга, објаснив дека во Струга има голем интерес за инвестирање во земјоделството бидејќи има многу плодна земја. Ни недостига пласман на производите што се одгледуваат во Струга, иако е чудно што централната власт субвенционира земјоделци, а од друга страна не им бара производ. Треба да се бара  производот бидејќи на таков начин  ќе направиме нешто многу поважно за граѓаните, да се намали невработеноста во Струга, рече првиот човек на Струга Зијадин Села.

На средбата, исто така, се разговарало и за граѓаните кои потекнуваат од Струга, а се на привремена работа во Република Словенија.

 

Новинар: Јованчо  Наумоски

Снимател: Сашо Кленкоски