Самит

Премиерот Мицкоски на Берлински процес

14.10.2024 08:22

Разговорите од таму ќе бидат клучни за подготовка на писмото со кое ќе даде нови идеи за продолжување на преговорите за членство во Европската унија...

Премиерот Мицкоски ја предводи македонската делегација во германската престолнина, каде ќе седне на иста маса со лидерите на Берлинскиот процес. Разговорите од таму ќе бидат клучни за подготовка на писмото со кое ќе даде нови идеи за продолжување на преговорите за членство во Европската унија.

Како што најави шефот на владата, писмото кое ќе биде испратено до сите инволвирани, а ќе ги потврди недвосмислена волја за дијалог, реформи и изнаоѓање решение, дефинитивно ќе биде завршено откако македонската делегација ќе се врати од Берлин.