Израел

Жестоки борби меѓу Израел и милитантните групи

14.10.2024 08:26

Израел изврши воздушни напади врз позиции на Хамас. Погодено училиште во Нусејрат, експлозии и во блискиот камп пред болницата Ал Акса по што избил пожар. Има десетици жртви и повредени...

Неколку часа пред договорениот привремен прекин на огнот во Газа за вториот круг вакцинација против детска парализа, Израел изврши воздушни напади врз позиции на Хамас. Погодено училиште во Нусејрат, експлозии и во блискиот камп пред болницата Ал Акса по што избил пожар. Има десетици жртви и повредени. Претходно Хезболах со дронови удри во северен Израел, десетици се ранети во областа Бињамина. Цел им била воена база. Ракетирана и Хаифа.

„Тоа беше ужасна сцена. Експлозијата и шрапнелите по ударот на дронот предизвикаа сериозни повреди“, изјави Рафи Шева – израелски болничар.

Во истовреме, нов инцидент со УНИФИЛ во јужен Либан. Израелски тенкови ја пробиле капијата на базата. Израел го потврди инцидентот. Велат, биле под оган додека тенковите се обидувале да ги евакуираат ранетите војници. Објавија видео од оружјето на Хезболах стационирано на само 500 метри од базата на УНИФИЛ.

По најавите на Израел за одмаздничкиот одговор на Иран, Техеран дециден дека нема да има црвени линии во одбраната.