Тајвански теснец
Пекинг почна воени вежби, Тајпеј со осуда
14.10.2024 08:29
Во Тајванскиот теснец се распоредени четири флоти за инспекции во водите, набргу откако почнаа воените маневри...

Кина започна нова рунда воени вежби во близина на Тајван како предупредување против сепаратистичките акти на тајванските сили за независност, без да прецизира кога ќе завршат. Во Тајванскиот теснец се распоредени четири флоти за инспекции во водите, набргу откако почнаа воените маневри.
Тајпеј го осуди ирационалното и провокативно однесување на Пекинг заканувајќи се со соодветен одговор за заштита на слободата и демократијата, како и одбрана на суверенитетот на Тајван.
