САД
Најавена помош за обнова по ураганот Милтон
14.10.2024 08:34
Во погодените области продолжи дистрибуцијата на храна за стотици илјади раселени луѓе на источниот брег на Флорида кои беа погодени од ураганот...

Претседателот Бајден изврши обиколка на погодените региони од ураганот Милтон најавувајќи помош од 680 милиони долари за обновување на електричната мрежа и стопроцентен надомест за расчистување на отпадот.
„Претседателот ни одобри 100% надомест за отстранување на отпадот за 90 дена. Треба да го искористиме тоа“, изјави Рон Де Сантис - гувернер на Флорида.
Во погодените области продолжи дистрибуцијата на храна за стотици илјади раселени луѓе на источниот брег на Флорида кои беа погодени од ураганот.
