Нов обид за атентат врз екс-претседателот Доналд Трамп
Маж од Невада бил уапсен во близина на митинг на експретседателот Доналд Трамп во Калифорнија откако бил запрен од властите кои го обезбедувале собирот...

50-годишен маж од Невада бил уапсен во близина на митинг на експретседателот Доналд Трамп во Калифорнија откако бил запрен од властите кои го обезбедувале собирот. Нелегално поседувал огнено оружје, возел нерегистриран џип и имал неколку лажни пасоши. Одделот на полицијата во Риверсајд верува дека осуетила уште еден, трет обид за атентат врз поранешниот претседател, иако шерифот призна дека тоа се шпекулации. Соопшти дека Трамп не е во никаква опасност и дека апсењето не влијаело на безбедноста на митингот. Човекот бил ослободен истиот ден со кауција од 5.000 долари.
„Во внатрешниот периметар полицијата спроведуваше потемелна евалуација на возилата, приметила многу неправилности. Заменикот забележал дека внатрешноста на возилото е во неред, со лажна регистарска табличка. И тоа поттикна понатамошна истрага – зошто лицето било таму и што правел. Заменикот на крајот пронашол повеќе лажни пасоши и лични карти по што е уапсен“, изјави Чад Бјанко, шериф на округот Риверсајд.
