Животна средина

Презентација на резултати од загадувањето на воздухот во пет општини

14.10.2024 08:50

УНДП во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање, денеска, во хотел Александар Палас ќе се презентираат резултати од загадувањето на воздухот во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга...

Во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, којшто го спроведува УНДП во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање, денеска, во хотел Александар Палас ќе се презентираат резултати од загадувањето на воздухот во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, настанот ќе го отвори првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан, додека резултатите од истражувањето ќе ги сподели ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. Дејан Мираковски.