Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ го најавува одбележувањето на две значајни јубилеи во македонската историја и култура, 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирко и 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, еден од најважните настани во изградбата на нашиот национален идентитет.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ го најавува одбележувањето на две значајни јубилеи во македонската историја и култура, 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков, еден од најголемите македонски интелектуалци и 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, еден од најважните настани во изградбата на нашиот национален идентитет.
По тој повод, се организира манифестацијата „Отворени денови на Институтот“, која ќе се одржи од 14 до 18 октомври 2024 година. Оваа манифестација ќе биде можност да се одбележат овие важни настани, да се продлабочи свеста за нивното значење и да се потсетиме на делото и визијата на Крсте Мисирков, како и на важноста на македонскиот јазик како основа на нашата културна и национална самобитност.
На манифестација ќе бидат промовирани најнови изданија на Институтот.
Како што најавија, обраќања ќе имаат директорка на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, министерка за образование и наука Весна Јаневска и академик Катица Ќулавкова.
