Зеленски: Северна Кореја испраќа војници да се борат на страната на Русија
Кремљ ги отфрли претходните јужнокорејски тврдења дека северна Кореја можеби испратила воен персонал за да ѝ помогне на Русија во Украина и дека размислува за поголемо учество....

Володимир Зеленски изјави дека Западот треба да го промени својот однос кон војната во Украина, рече дека северна Кореја испраќа војници да се борат на страната на Русија. Кремљ ги отфрли претходните јужнокорејски тврдења дека северна Кореја можеби испратила воен персонал за да ѝ помогне на Русија во Украина и дека размислува за поголемо учество.
Јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Јонг-Хјун минатата недела изјави дека постои голема можност дека северна Кореја испратила војници во Украина. Кажа дека се веројатно точни информациите дека севернокорејски воени офицери загинале во украински напад врз територија под контрола на Русија.
