Таравари го прочитал извештајот за смртта на родилката, за деталите на прес
Јавноста ги чека заклучоците од стручната комисијата кои треба да откријат, дали имало лекарски пропуст при третманот кај починатата родилка во кумановската болница и 14 месечното дете кое почина на детската клиника...

Јавноста ги чека заклучоците од стручната комисијата кои треба да откријат, дали имало лекарски пропуст при третманот кај починатата родилка во кумановската болница и 14 месечното дете кое почина на детската клиника.
Министерот за здравство, Арбен Таравари, рече дека извештајот за родилката го прочитал, а детали за двата случаи ќе ги соопшти на прес-конференција, која до овој момент сè уште не е закажана.
Вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за 14-месечното дете кое почина од опструктивна бронхопневмонија, покажа дека детето два пати било носено на клиника, но не било хоспитализирано.
Здравствените инспектори имаат надлежност само да го проверат патот на лекување на детето, а дали имало пропусти треба да констатира стручната комисија која беше задолжена да го испита случајот.
