УНИФИЛ

Тројцата македонски мировници во Либан се безбедни

14.10.2024 12:20

По последните напади и тензиите во Либан, тројцата штабни офицери од македонската Армија, кои се дел од мисијата УНИФИЛ на Обединетите нации се безбедни и се чувствуваат добро...

По последните напади и тензиите во Либан, тројцата штабни офицери од македонската Армија, кои се дел од мисијата УНИФИЛ на Обединетите нации се безбедни и се чувствуваат добро.

Комуникацијата со нив е секојдневна, и ако евентуално дојде до загрозување на нивната безбедност веднаш ќе се реагира, велат за МТВ од Одбраната.

Двајца офицери се во командата на УНИФИЛ и се дел од италијанскиот контингент во Насрала, а третиот офицер е во градот Шама. „сината линија“ е демаркациска, воспоставена од Обединетите нации што го дели Либан од Израел и Голанската висорамнина.