Започнува акцијата „Подари книга“ за социјално ранливи категории

17.07.2014 14:53

Министерството за труд и социјална политика од денеска започнува со реализација на проектот „Подари книга“, чија основна цел е граѓаните, фирмите и институциите да донираат книги за лицата во социјален ризик и со ниски примања. Реализијата на проектот ќе се одвива со соработка и со Македонска пошта.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов деенска информираше дека секој кој има можност да подари книга треба да ја достави до филијалите на Македонска пошта, центрите за социјална работа или во детските градинки, со што ќе бидат ставени на располагање и на децата без родители и родителска грижа, на згрижувачките семејства, на сите членови од семејствата во социјален ризик, на материјално необезбедени граѓани и сите оние кои неможат да си дозволат нова книга, рече на прес-конференција министерот Спасов.

Целосен список на донирани книги, што редовно ќе се ажурира, ќе биде објавен на веб-страницата на МТСП и истиот ќе биде достапен за сите заинтересирани граѓани евидентирани во системот за социјална и детска заштита, а кои имаат потреба од одреден наслов. За книги ќе може да се обратат во триесетте центри за социјална работа. Задолжени лица во МТСП по претходно добиени податоци од центрите ќе вршат поврзување на донацијата со барателот кој има потреба од неа. Потоа Македонски пошти ќе направат бесплатна достава на книгата до барателот.

Услугата ќе се врши по принципот „Прв дојден прв услужен“, рече министерот Спасов, кој со вршителот на должноста директор на Македонска пошта Гоце Баболински потпишаа договор за соработка за реализација на проектот.