Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Историјата на македонскиот јазик треба да се проучува, почнувајќи од древните епохи, па преку средновековието, па се до денес, порака од свеченото отворање на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Македонскиот јазичен систем има долга индоевропска, прасловенска, црковнословенска, усна и писмена, народна и национална историја која и ги надминува границите на македонската современа држава, беше констатирано на свеченото отворање …

Учењето на македонскиот јазик треба да биде култна обврска на сите граѓани на Македонија, порача академската фела. Велат неприфатливо е македонскиот јазик во државата во која е усвоен како официјален, да го изгуби стекнатиот статус, со акти на матичната земја. Она што е историски стекнато не смее да се одземе, констатира академик Катица Ќулавкова.
За новата влада македонскиот јазик претставува национално и идентитетско одбележје, што систематски ќе го заштитуваме, негуваме, унапредуваме и афирмираме, вети министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Додаде дека славната историја на македонскиот народ и јазик, се неразделно поврзани.
Историјата на македонскиот јазик ги надминува границите на современата македонска држава и треба да се проучува, почнувајќи од древните епохи, преку средновековието, па се до денес, како предмет од особен научен интерес, порача академската фела.
Марија Котовска
