Согорувањето дрва во зима и сообраќајот во лето- најголеми загадувачи
Состојбата е лоша, но има подобрување секоја година, смета првиот човек на Министерството за животна средина. Вели, проблемот ќе се реши со гасификција и сет на други мерки...

Согорувањето дрва, минералната прав од градежништвото, правта од улиците, сообраќајот, оган на отворено, согорување отпад, согорување нафта и мазут се најголемите загадувачи на воздухот во Куманово, Кавадарци, Струмица, Струга и Гостивар.
Во текот на летото сообраќајот и минералната прав, во текот на зимските месеци согорувањето на биомаса. Анализата е направена по целогодишно следење на загадувањето на воздухот.
Состојбата е лоша, но има подобрување секоја година, смета првиот човек на Министерството за животна средина. Вели, проблемот ќе се реши со гасификција и сет на други мерки.
Со помош на УНДП во државата се лоцираат загадувачите.
Петте града за кои е направана студија треба да направат програма за решавање на проблемите.
Наташа Јанчиќ Менковски
