Продолжува тензијата на политичката сцена, по укинувањето на „балансерот“
По укинувањето на „балансерот“ продолжува тензијата на политичката сцена. Од владејачката коалиција „Вреди“ велат дека нема ништо лошо што законот за правична и соодветна застапеност е испратен до Венециската комисија. ВМРО-ДПМНЕ со став, ДУИ сами прифатија укинување на „балансерот“, наместо да манипулираат, да се реформираат...

До овој момент до Владата нема пристигнато предлог-решение за правична застапеност – потврди портпаролката на Владата, Марија Митева. Најави дека за новото законско решение, прво ќе се разговара во рамки на коалицијата и ќе се отвори широка дебата. Пред да биде поднесено до Собранието ќе се бара мислење и од Венецијанската Комисија-велат од Владата.
Според вицепремиерот Меџити, во подготовка на предлог законот ќе биде вклучена академската фела, се со цел истиот да претставува долгорочно решение и да не биде оспорен од страна на Уставниот Суд.
Според Левица, со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ „балансерот“ ќе стане закон.
Минатата недела Уставниот суд ја донесе одлуката за укинување на „балансерот“, алатка за вработување според националната припадност во државните институции.
Марина Стојанова-Тонева
