Снабдување со топлина

Почнува грејната сезона, училиштата прават калкулации

14.10.2024 17:53

Основните и средните училишта прават калкулации околу обезбедување енергенси за радијаторите да бидат топли во пресрет на зимата...

Од утре топли радијатори во домовите и деловните објекти кои се снабдуваат преку државната ЕСМ и топланите Скопје Север и ТЕ-ТО. Компаниите со апел до потрошувачите да ги отстранат дефектите.

„Во моментов има 170 затворени објекти, од кои 27 имаат прекин на довод на електрична енергија во топлинската станица, во 43 објекти, екипите  немаат пристап до топлинската станица и 100 објекти се оневозможени да добијат испорака на топлина поради дефект во внатрешната инсталација“, велат од ЕСМ.

Основните и средните училишта прават калкулации околу обезбедување енергенси за радијаторите да бидат топли во пресрет на зимата. Градоначалникот на Центар, за МТВ вели дека сите школи обезбедиле нафта и очекува се да биде како што треба.

За осумте училишта во Карпош, грејната сезона ќе почне подоцна, затоа што како што вели градоначалниот, Владата им должи над 8 милиони денари за парно. Јакимовски ги повика да се платат долговите.

И од Општина Ѓорче Петров кажаа дека училиштата и градинките на нивна територија се подготвени и се било според планот. И од Општина Чаир кажаа дека не ризикуваат да останат без греење и покрај заостанатите долгови кон Топлификација. Од девет училишта, пет користат централно греење, додека останатите се на нафта.

Борис Грујоски