мвр

Приведен криумчар на мигранти во кумановско

14.10.2024 20:19

Тој бил затекнат како во патничко возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, превезува две лица мигранти од Република Турција од обиколница с. Табановце до с. Сопот...

Денеска во 13.30 часот во с. Сопот, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово го лишиле од слобода А.Љ.(37) од с. Сопот.

Тој бил затекнат како во патничко возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, превезува две лица мигранти од Република Турција од обиколница с. Табановце до с. Сопот.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.