Албанија го отвара првиот класер на преговори за членство во ЕУ
Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, на која ќе започне првата фаза од преговорите, откако земјата во овој процес беше одвоена од Република Северна Македонија на крајот на септември...

Албанија денеска го отвора првиот т.н кластер на преговори за пристапување во ЕУ.
Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, на која ќе започне првата фаза од преговорите, откако земјата во овој процес беше одвоена од Република Северна Македонија на крајот на септември.
Албанија и Северна Македонија заеднички ги започнаа преговорите на 19 јули 2022 година во Брисел. Во првата фаза од преговорите се вклучени поглавјата „Јавни набавки“, „Статистика“, „Судски систем и основни права“, „Правда, слобода и безбедност“ и „Финансиска контрола“.
