Блиски Исток

Осуда за нападите врз мировниците од УНИФИЛ

15.10.2024 08:44

Италија, Велика Британија, Франција и Германија со заедничка изјава побараа сите страни да ја гарантираат безбедноста на УНИФИЛ во секое време...

Не стивнуваат реакциите по нападите врз мировниците на ООН во Либан во екот на израелската копнена операција. Италија, Велика Британија, Франција и Германија со заедничка изјава побараа сите страни да ја гарантираат безбедноста на УНИФИЛ во секое време.

„Нападите кон мировниците го прекршуваат меѓународното право и тие може да претставуваат воено злосторство. Генералниот секретар ги повика сите страни да се воздржат од какви било дејствија што ги ставаат нашите мировниците се изложени на ризик“, Стефан Дујарик, портпарол на генералниот секретар на ООН.

Според премиерот Нетанјаху, обвинувањата дека Израел намерно го нападнале персоналот на УНИФИЛ е целосно лажно.

„На денот кога Израел ја почна својата копнена операција до нашата граница со Либан, ние им рековме конкретно: „Ве молиме оставете ја оваа област за да не бидете повредени“. Хезболах ги користи објектите и позициите на УНИФИЛ како покритие додека ги напаѓа израелските градови и заедници“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Во меѓувреме, израелската војска соопшти дека во јужен Либан откриле подземен комплекс долг 800 метри што служел како команден центар за силите на Хезболах. Продолжува и битката против Хамас во Газа.