УКРАИНА

Силите на Киев го одбиваат руските напади

15.10.2024 08:50

По состанокот со Генералштабот, Зеленски рече дека било дискутирано и за инволвираноста на земјите што ја поддржуваат Москва во војната...

Силите на Киев ги одбиваат руските обиди да ги пробијат борбените линии во областа Курск, тврди украинскиот претседател. По состанокот со Генералштабот, Зеленски рече дека било дискутирано и за инволвираноста на земјите што ја поддржуваат Москва во војната.

„Кој и да и помогне на Русија, ние ќе одговориме цврсто колку што е потребно за да ја одбраниме Украина. Оваа недела, на сите наши партнери во Европа ќе им ја претставиме нашата стратегија за принудување на Русија да ја доведе оваа војна до праведен крај. Се разбира, Планот за победа ќе биде јавно објавен“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов при посетата на Кина изјави дека воената соработка меѓу Москва и Пекинг е важен елемент за одржување на глобалната стабилност.