КИНА
По воените вежби, Пекинг со закани кон Тајпеј
15.10.2024 08:56
Вежбите не беа повторување на воените маневри одржани во мај, туку зголемување на притисокот против независноста на Тајван, се додава во соопштението на Министерството...

Кинеското Министерство за одбрана предупреди дека ќе преземе дополнителни дејствија против Тајван доколку е потребно по воените вежби одржани околу островот. Вежбите не беа повторување на воените маневри одржани во мај, туку зголемување на притисокот против независноста на Тајван, се додава во соопштението на Министерството.
Претходно тајванскиот претседател Лаи Чинг-Те вети дека ќе го заштити демократскиот остров. Кина го гледа Тајван како отцепена провинција, иако таму со децении на власт се независни и демократски избрани влади.
