Азески на Евроазискиот самит во Истанбул
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески учествува на Евроазискиот самит што се одржува денес и утре во Истанбул, на тема: „Колаборативен пристап за климатска акција“, во организација на Светската коморска федерација (World Chambers Federation – WCF/ВЦФ) и Унијата на комори и стокови берзи на Турција (TOBB)...

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески учествува на Евроазискиот самит што се одржува денес и утре во Истанбул, на тема: „Колаборативен пристап за климатска акција“, во организација на Светската коморска федерација (World Chambers Federation – WCF/ВЦФ) и Унијата на комори и стокови берзи на Турција (TOBB).
Овој клучен настан има за цел да ги обедини највисоките претставници од коморите, деловните лидери, експертите и засегнатите страни од јавниот и приватниот сектор да разговараат за улогата на коморите во поттикнувањето на глобалната економска трансформација и промени, да ги истражат најновите случувања за климатските промени и да ги нагласат проактивните мерки што Коморите и бизнисите ги преземаат за справување со климатските ризици, користењето технологии за одржлив развој и циркуларна економија, прашањето за декарбонизација итн. Ќе има и можности за вмрежување со деловни делегации од различни земји во регионот, преку B2B средби.
На настанот е најавено учество на над 700 претставници од стопанските комори и бизнис-делегации ширум светот. Со тоа, преку коморското поврзување, бизнисмените од преку 40 комори и држави ќе имаат можност да разменат искуства за најновите предизвици во современото деловно работење и остварат деловна соработка преку организираните бизнис-средби.
