Северна Кореја ги разнесе северните делови на меѓукорејските патишта
Сеул го засили надзорот и подготвеноста да одговори. Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемија откако Северна Кореја го обвини Јужниот сосед дека испраќа беспилотни летала над Пјонгјанг...

Северна Кореја ги разнесе северните делови на меѓукорејските патишта. Сеул го засили надзорот и подготвеноста да одговори. Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемија откако Северна Кореја го обвини Јужниот сосед дека испраќа беспилотни летала над Пјонгјанг.
Лидерот Ким Џонг Ун изврши серија провокативни ракетни тестови, а Сеул и Вашингтон ги проширија воените вежби. Од руското МНР велат дека нападите со беспилотни летала на Јужна врз Северна Кореја се мешање во внатрешните работи, а јужнокорејските власти треба многу сериозно да ги сфатат предупредувањата на Пјонгјанг.
