Растат тензиите меѓу Трамп и Харис
Како што наближува денот на изборите во САД, растат тензиите меѓу кандидатите на демократите и на републиканците.

Како што наближува денот на изборите во САД, растат тензиите меѓу кандидатите на демократите и на републиканците.
Доналд Трамп и Камала Харис на речиси секој собир ја користат приликата за меѓусебни обвинувања за тоа кој и што направил на штета на американските граѓани.
Трамп ја обвини администрацијата на Бајден за војната во Украина, Харис пак рече дека нејзиниот ривал е сè понестабилен и бара неконтролирана моќ.
Остра критика од Трамп и за Фокс њуз во серија објави на социјалните мрежи. Поранешниот претседател тврди дека медиумот наклонет кон конзервативците станал слаб и попустлив кон демократите откако беше објавено дека ќе ја интервјуираат потпретседателката Харис.
