партии

СДСМ бара оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски

15.10.2024 11:47

Причина за ова е последното пукање во скопски Чаир во кое едно лице беше рането...

Опозицискиот СДСМ бара оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Причина за ова е последното пукање во скопски Чаир во кое едно лице беше рането. Според социјалдемократите, состојбата со безбедноста на улиците е катастрофално влошена, а криминалните пресметки се во голем пораст.

„Над 20 оружени инциденти се случија во изминатите 100 дена. Ова е трето пукање за еден месец, минатата недела беше повреден 19-годишен човек, претходно беа повредени млади од 19 години“, велат од СДСМ во барањето за оставка од министерот Тошковски.