Струмица

Се нормализираат вредностите со манган во водата во Струмица

15.10.2024 12:32

По три недели забрана, идната недела можно е во Струмица да се дозволи користење на водата за пиење од водоснабидтелниот систем. Количините на манган се во дозволените граници и сега се чекаат дополнителните контроли, но и дозволи од Агенцијата за храна и ветеринарство. Градоначалникот Костадинов бара да се објават резултатите каква е водата во брана Турија за да однапред се превенира...

Се нормализираат вредностите на манган во водата во Струмица. Интерните испитувања на струмички Комуналец покажуваат дека количините на манган е во дозволеното ниво и може да се да користи за пиење но ќе се чека дозвола од Агенцијата за храна и ветеринарство вели градоначалникот на Струмица Костадинов.

Првиот човек на Струмица бара одговор од институции каков е квалитетот на водата во брана Турија од каде со вода се снабдуваат општините Струмица и Василево.

Струмичани и понатаму со вода за пиење се снабдуваат од околните чешми и канистри од Комуналец.

Речиси три недели трае забраната за користење на водата за пиење од водоснабдителниот систем во Струмица.

 

Ване Трајков