Истражување на „Еуроњуз“

Македонија меѓу земјите со најлош јавен превоз

15.10.2024 12:40

Македонија е меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа, покажа истражувањето на „Еуроњуз“. Во Скопје 47 отсто од жителите се задоволни од јавниот превоз...

Македонија е меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа, покажа истражувањето на „Еуроњуз“. Во Скопје 47 отсто од жителите се задоволни од јавниот превоз. Понезадоволни од скопјани се граѓаните на Рим, Тирана, Подгорица, Белград и Никозија.

Според анализата на „Еуроњуз“, најголемо задоволство од јавниот превоз имаат граѓаните на Виена со 91 отсто. Потоа, следуваат граѓаните на Хелсинки со 89 отсто и тие на Осло со 88 отсто. Најмалку задоволни од јавниот превоз се граѓаните на Рим и Тирана со 29 отсто. Задоволството на граѓаните на Подгорица е 37 отсто, додека во Белград се со 44 отсто.

Сепак, мора да се забележи дека во Скопје, освен автобуски јавен превоз, нема други опции за јавен транспорт.

Во анализата на „Еуроњуз“ се забележува дека европските метрополи доживуваат брза трансформација на јавниот превоз.