Путин: Најновите санкции ќе ги влошат односите со САД
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека најновите санкции од САД ќе ги влошат односите меѓу двете земји. САД ги воведоа најстрогите санкции за главните руски компании „Газпром“ и „Роснефт“, но и за други енергетски и воени компании.
Вашингтон постепено ги прошируваше финансиските санкции за Москва поради анектирањето на украинскиот полуостров Крим и мешањето во внатрешните работи на Украина. Претходно Путин изјави дека неговата земја сака да прекине крворполевањето во Украина и ги обвини САД за наметнување на влијание врз властите во Киев.