Култура

Утре почнува новата сезона во Националната опера и балет

15.10.2024 13:57

Со „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф утре почнува новата сезона во Националната опера и балет. Најавен е богат репертоар...

Со моќната и возбудлива сценска кантата „Кармина бурана“ од германскиот композитор Карл Орф, Националната опера и балет ја отвора новата возбудлива сезона.

Приказната за вечното прашање на животната радост, слободата и страста. „Кармина бурана“ со години го привлекува вниманието на режисери и кореографи од целиот свет. Поставена на македонската сцена за љубителите на операта и балетот, од куќата велат дека е мотивирачки кога една претстава е распродадена за рекордно време.
В.д. директорот на Националната опера и балет вели дека куќата е наследена во очајна состојба, но се работи на сите недостатоци и се обновува, за таа да биде репрезентативен објект за уживателите на класичната музика.

Репертоарот за 2025 година ќе донесе атрактивни гости, Арсовски рече дека имаат испланирано многу интересни претстави, но се чека на буџетот од Министерството за култура во декември.

 

Александра Спировска