Македонија меѓу земјите со најлош јавен превоз
По 45 минути се чека на автобуските постројки, автобусите и кога ќе пристигнат вратите одвај се затвораат од што се преполни. Речиси половина месец и приватните превозници возат делумно. Чекаат зголемување на цената по изминат километар...

Учениците доцнат на часови, студентите на предавање, работниците на работните места поради нефункционалниот јавен превоз. По 45 минути се чека на автобуските постројки, автобусите и кога ќе пристигнат вратите одвај се затвораат од што се преполни.
Често се расипуваат, па оние корисници на меѓуградски превоз каде што автобусите не се чести, чекаат и по неколку часа. ЈСП сообраќа со недоволен број автобуси.
Речиси половина месец и приватните превозници возат делумно. Чекаат зголемување на цената по изминат километар која последен пат е утврдена пред осум години, а во меѓувреме енормно се зголемени трошоците.
Македонија е меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа според истражувањето на „Еуроњуз“. Во Скопје само 47 насто од граѓаните се задоволни од јавниот градски превоз, а понезадоволни од нас се само Албанија и Италија.
Александра Велинова
