Економија

Димовски во посета на фабриката „Аптив“ во ТИРЗ Скопје 1

15.10.2024 18:38

Во текот на посетата, беше одржан конструктивен состанок на кој се разгледаа повеќе прашања, како и тековните и идни планови за потенцијални инвестиции...

Согласно концептот сведен на активна и континуирана соработка со компаниите, директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски денес ја посети фабриката на Аптив која од 2016 година успешно работи во рамките на ТИРЗ Скопје 1.

Во текот на посетата, беше одржан конструктивен состанок на кој се разгледаа повеќе прашања, како и тековните и идни планови за потенцијални инвестиции, соопштуваат од ТИРЗ.