Слепи лица

Многу бариери пред луѓето со оштетен вид

15.10.2024 14:43

Непристапниот јавен превоз е само еден од проблемите со кои се соочуваат луѓето со оштетен вид. На Меѓународниот ден на белиот стап, Кристијан Лазарев раскажа за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат...

Бев жртва на дискриминација во нотарска канцеларија – раскажува Кристијан Лазарев, 29 годишник со целосно оштетен вид. За да заверат документ е потребно да одат со сведоци, што постапката ја прави макотрпна работа. Тој со часови чека во нотарски канцеларии или во банка. На Меѓународниот ден на белиот стап, тој раскажа дека морал да патува во Чешка за да го купи помагалото. Парите не биле рефундирани.

Има напредок, но, сè уште сме многу далеку од целосно остварување на нашите права, вели Лазарев.

Според Кристијан, личната асистенција е привремена мерка, а не долгорочна стратегија. Вели, не сака постојано да биде зависен од друг.

Ако човек има проблеми со видот не значи дека нема визија, ако човек е слеп не значи дека треба да биде отфрлен од општеството.

Во земјава според статистиката има над 3.000 слепи лица.

 

Ана Јосифовска