Трагедија

Срцев удар е причината за смртта на поранешниот шкотски премиер Салмонд

15.10.2024 15:00

За време на ручекот, Салмонд добил удар при што паднал наназад со столицата, а обидите за негова реанимација биле неуспешни, информираат од неговото семејство...

Срцев удар е причината за смртта на поранешниот шкотски премиер Алекс Салмонд кој почина во саботата во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид каде учествуваше на второто издание на Форумот за културна дипломатија. За време на ручекот, Салмонд добил удар при што паднал наназад со столицата, а обидите за негова реанимација биле неуспешни, информираат од неговото семејство.

Поранешниот премиер и прв министер на Шкотска Алекс Салмонд почина на 69-годишна возраст во Охрид.

Во соопштението, тие рекоа дека на „застрашувачкиот политичар“ му се восхитувале ширум светот, но дека бил и семеен човек чие присуство ги водело во нивните најтемни моменти.

Во салата на шкотскиот парламент е отворена книга на жалост.