Нова победа на Јотовски
Нашиот тенисер Томислав Јотовски се пласираше во третото коло на турнирот во Белград, откако во второто го мина Марко Осмакчиќ од Швајцарија со 2-0 во сетови. Јотовски доминираше во текот на целиот меч, а на противникот му препушти само два гема, двата во првиот сет.
Триумфот на Јотовски не само што ќе му обезбеди настап во четвртфиналната фаза, туку и ќе му донесе нов бод за искачување на АТП листата. Негов нареден противник ќе биде првиот носител на турнирот во Белград, домашниот натпреварувач Данијел Ласло кој е 246-ти светски тенисер.