Македонија

Одбележан Меѓународниот ден на руралната жена

15.10.2024 17:42

Подобрување на здравствената и социјалната заштита, олеснување на пристапот до финансиски ресурси и пазарите – одбележан Меѓународниот ден на руралната жена…

45-годишната Вангелина Пармачка од беровскиот регион, цел живот се занимава со сточарство. Вели, тоа е тешка гранка, но од неа може да се живее. Своите три деца ги изгледала со приходи од сточарството.

Подобрување на здравствена и социјална заштита, како и олеснување на пристапот до финансиските ресурси и пазарите за руралните жени, се главните предизвици за македонската рурална жена.

Од Националната федерација на фармери велат дека работат на подобрување на условите, измена на закони, на повеќе грантови кои ќе го олеснат живот на руралната жена.

Руралните жени се соочени со големи предизвици и проблеми. Без жени земјоделки, нема деца, нема храна, а двете се од најголемо стратешко значење за оваа држава-истакна претседателката Сиљановска Давкова.

На настанот присуствуваа околу 200 жени, а целта е да го обедини гласот на руралните жени и да ја подигне свеста за нивната клучна улога во општеството.

Александра Максимовска