САД
Почна предвременото гласање за претседателските избори во САД
15.10.2024 19:12
Кандидатите Трамп и Харис секој собир го користат да ги потенцираат слабостите на противникот и да ги прикажат грешките што ги направил.

Во 37 држави почна предвременото гласање за претседателските избори во САД. Досега своето право го остварија пет милиони луѓе. Како наближува денот на изборите, така растат тензиите.
Кандидатите Трамп и Харис секој собир го користат да ги потенцираат слабостите на противникот и да ги прикажат грешките што ги направил.
Трамп ја обвини администрацијата на Бајден за војната во Украина, Харис пак рече дека нејзиниот ривал е се понестабилен и бара неконтролирана моќ.
Фото: CNN
