Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче
На претходното сведочеше мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, која рече дека воопшто не се посомневала дека Вања била киднапирана, но нејзиниот маж од првиот момент тврдел дека е киднапирана...

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче. На денешното рочиште ќе бидат сослушани нови сведоци. На претходното сведочеше мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, која рече дека воопшто не се посомневала дека Вања била киднапирана, но нејзиниот маж од првиот момент тврдел дека е киднапирана.
Не го познава лично Љупчо Палевски Палчо. Пред судот сведочеа и ќерката на велешанецот Панче Жежовски и неговиот зет. Во случајот со двојното убиство првообвинет е Љупчо Палевски и уште петмина за соучесништво и грабнување.
Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 24-ти и 27-ми ноември, а пронајдени мртви на 3-ти декември 2023-та година.
